Ерусалимскиот Патријарх Теофил ја посети Цариградската Патријаршија
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот Патријарх Теофил ја посети Цариградската Патријаршија (04.04.2008)

На 1 април Неговото Блаженство Патријарх на Светиот Град Ерусалим и на цела Палестина Теофил ја посети Цариградската Патроијаршија, каде се сретна со Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, известува грчката агенција за црковните новости „Ромфеа“. Поглаварите ги разгледаа прашањата што се однесуваат на двете Цркви.

 

            Во говорот, што го одржа по повод посетата на Патријархот Вартоломеј, Патријархот Теофил нагласи: „Ние Ви укажуваме благодарност, љубов и почит за огромната грижа кон нас во денешново време, и во време на сите наши изминати посети... Тие посети го искажуваат единството што нè врзува. Ни даваат можност да ги осознаеме улогата, значењето на Вселенската Патријаршија и нејзината помош на Ерусалимската Црква, во далечното и блиското минато.“

 

            Давајќи ја подршката на Ерусалимскиот Партиајрх Теофил, Поглаварот на Цариградската Патријаршија рече: „Сè што правиме за Вселенската Патријаршија, за Светиот Гроб Господов, за Ерусалимската Патријаршија и лично за Вашето возљубено Блаженство е само по себе разбирливо. Ние Православните од целиот свет многу му должиме на братството на Светиот Гроб, кое, без оглед на проблемите, постоеше низ вековите, постојано водеше борба и успеа да ги задржи светите места.“

 

Патријархот Вартоломеј го покани Поглаварот на Ерусалимската Црква во Кападокија, каде на 8 јуни 2008 година заедно ќе отслужат Божествена Литургија.

 

Извор: Патриархиа.ру