Грузиската влада донесе решение за враќање на недвижниот имот и земја на Грузиската Православна Црква (04.04.2008)
Грузиската влада донесе решение за враќање на недвижниот имот и земја на Грузиската Православна Црква во многу области во земјата, вклучувајќи го и главниот град Тбилиси. За таа цел наскоро ќе биде оформена комисија, којашто решението ќе го спроведе на дело. Министерот за економија на Грузија Екатерина Шарашидзе изјави пред новинарите, дека Владата ги почитува договорите со Грузиската Патријаршија. Согласно тие договори, на Грузиската Црква ѝ беше вратена зградата на бившата духовна семинарија во Тбилиси, проценета на вредност од 20 милиони долари. Освен тоа, на Црквата ѝ беше вратена земја во Тбилиси со површина од 4000 m2, зграда со површина од 4600 m2. Освен тоа, Патријаршијата доби земја и градби кои се во надлежност на Сионскиот соборен храм. Вратена е и резиденцијата на Грузискиот патријарх, како и многу земја и шуми во различни области на земјата. Министерот за култура и спомениците на културата во Грузија Николос Вачеишвили изјави дека Владата направи програма и ја започна обновата на околу 150 цркви и манастирски комплекси, кои имаат историска и културна вредност.
Извор: Dveribg.net