Свечености во спомен на 180-годишнината од раѓањето и 100-годишнината од упокојувањето на светиот праведен Јован Кронштадски (05.04.2008)
Од 23 до 25 мај 2008 година во Санкт Петербург ќе се одржат свечености посветени на 180–годишнината од раѓањето и 100-годишнината од упокојувањето на светиот праведен Јован Кронштадски.
Во овие денови ќе се отслужат празнични богослужби во ставропигијалниот женски манастир посветен на светиот Јован во Краповк и во соборниот храм на Светото Преображение во Санкт Петербург, а исто така и во кронштадскиот соборен храм посветен на Владимирската икона на Мајката Божја.
Во рамките на свеченостите ќе се одржи акција за поддршка на изградбата на Тихвинската камбанарија и Андреевскиот соборен храм во Кронштад. Потоа, ќе се одржи Мeѓународна конференција „Свети праведен Јован Кронштадски и соборнaта возобнова на Русија“, V Научна конференција „Православното учење во Русија“, изложба на уметници и иконописци од Санкт-Петербург „Свети праведен Јован Кронштадски и Русија“, II Меѓународен музичко-поетски фестивал „Под Покровот на Пречистата“, Серуски творечки конкурс „Свети праведен Јован Кронштадски во мојот живот, во животот на моето семејство и татковина“.
Извор: Mospat.ru