Празникот Благовештение во Назарет
 
 
 
 
 

Празникот Благовештение во Назарет (09.04.2008)

На 7 април 2008 година, на празникот Благовештение, Ерусалимскиот патријарх Теофил отслужи Божествена Литургија, после која се одржа литија околу православниот храм на Архангел Гаврил во Назарет. Овој храм е во надлежност на назаретската општина, која ја сочинуваат скоро 100% православни Арапи.

 

На торжественото богослужение и литија учество зедоа илјадници луѓе од целиот свет. Пред причестувањето практично целиот храм беше исполнет со рускојазични поклоници од Русија, Украина, Белорусија, а имаше и не малку претставници на духовништвото на Руската Православна Црква.

 

Литургијата се совршуваше на неколку јазици – грчки, арапски и руски, а забележително е обновувањето на традицијата на руско поклоништво на Палестина во деновите на големите христијански празници. Сега, според оценките на експертите, во Назарет доаѓаат околу 2,5 илјади рускојазични поклоници, како до времето на револуцијата во 1917 година.

 

На местото на Благовештението на денот на празникот се собираат до 10 илјади луѓе.

 

Извор: Patriarhia.ru