Православен крст на Северниот пол (10.04.2008)
Архиепископот Игнатиј Петропавловски и Камчатски, минатата недела отслужи Божествена Литургија на Северниот пол - прва во историјата. За таа цел беше инсталиран параклис блиску до кампот „Барнео“, каде што престојуваат руски истражувачи.
Специјално за потребите на богослужението двајца свештеници, придружници на архиепископот, претходно ја осветија оваа шатор-црквичка посветувајќи ја на Светите дванаесет апостоли. На -25 ° С ѓаконот Роман Никитин беше ракоположен за свештеник, а градоначалникот на административниот центар на Камчатската област Владислав Скворцов беше крстен.
Научници, пилоти и новинари се исповедаа и се причестија со Светите Тајни Христови. После службата беше поставен крст на Северниот пол.
Извор: http://www.pravkamchatka.ru/news/182/