На денот на космонаутиката во храмот на Христос Спасителот во Москва се одржа благодарствен молебен (13.04.2008)
Благодарствен молебен кон Господ Исус Христос и преподобен Јован Лествичник, небесниот покровител на космонаутите, се одржа вчера на пладне во Преображенската (долна) црква на храмот на Христос Спасителот во Москва. На богослужението по повод денот на космонаутиката се собраа соработници, вработени и ветерани од ракетно-космичкиот огранок, Космичката војска и членови на нивните семејства. Организатори на акцијата се синодалниот Оддел за заедничка соработка со Вооружениите сили и Федералната космичка агенција.
Извор: Interfax