Московската Патријаршија: Претензиите на Цариград кон Кинеската автономна Црква се нелегални
 
 
 
 
 

Московската Патријаршија: Претензиите на Цариград кон Кинеската автономна Црква се нелегални (16.04.2008)

Светиот Синод на Руската Православна Црква категорично го осуди решението на Цариградската Патријаршија да ја присоедини територијата на Кинеската Народна Република кон својата Хонг-Конгска митрополија. На заседанието во вторник оваа седмица, тоа решение се именува како „кршење на правата на Кинеската автономна Црква“.

„Ова решение е донесено еднострано, без да се побара мислење од православните верници во Кина“, истакнуваат учесниците на заседанието. Во изјавата исто така се вели за „несправедливоста и канонската нелегалност на решението на Цариградскиот престол, кој нанесува штета на мирот и благосостојбата на Божјите Цркви“. Архиереите укажуваат и на многубројните духовни врски на Руската Црква со Кина, каде што „со нејзин труд се изградени десетица православни храмови, преведени се на кинески јазик свештени и богослужбени книги, воспитани се во православно благочетие и дури верност до смрт многу сведоци на нашиот Господ Исус Христос“.

 

Извор: Интерфакс