Отворена руска духовна семинарија во Париз
 
 
 
 
 

Отворена руска духовна семинарија во Париз (19.04.2008)

Руската Православна Црква отвори во Париз духовна семинарија. Ова решение беше донесено на седницата на Светиот Синод во Москва. За канцелар на семинаријата е назначен архиепископот Корсунски Инокентиј – епископ на Московската Патријаршија во парохиите на западноевропските земји, вклучувајќи ја и Франција. За ректор на семинаријата Синодот го назначи јеромонахот Александар (Синјаков) – клирик на Корсунската епархија.

Извор: Interfax