На Велигден Грузискиот патријарх Илија II ќе ги крсти децата од повеќечлените семејства
 
 
 
 
 

На Велигден Грузискиот патријарх Илија II ќе ги крсти децата од повеќечлените семејства (19.04.2008)

Иницијативата на Грузискиот патријарх Илија II, кој вети дека ќе стане кум на секое трето или следно дете, родено во 2007-2008 година во православно семејство, ја оправдува поставената цел – подобрување на демографската ситуација во Грузија. Според податоците, на 19 јануари 2008 година беа крстени 538 бебиња, а за пасхалното крштевање има повеќе од 300 пријавени. Услугите на комисијата која ги прима документите се бесплатни, како и сѐ друго во врска со извршувањето на Светата Тајна Крштение. При тоа, националноста на детето нема никакво значение – важно е само дека потекнува од семејство со православна вероисповед. Комисијата веќе прими цел низ пријави на семејствата од национални дијаспори, кои живеат во Грузија. Особено беше разгледано и позитивно решено прашањето на 13-годишното момче – Азербејџанец, кој ќе прими крштение на Велигден.

Намалувањето на бројноста на грузиското население и неговото „стареење“ започна уште во 1990-те години, поради социјално-економски тешкотии. Според пописот на населението во 1989 година во Грузија живееле 5,5 милиони луѓе, а сега се 4,5 милиони.

 

Извор: Patriarhia.ru