На Цветници околу 5 илјади луѓе присуствуваа на патријаршиската служба во храмот на Христос Спасителот во Москва
 
 
 
 
 

На Цветници околу 5 илјади луѓе присуствуваа на патријаршиската служба во храмот на Христос Спасителот во Москва (21.04.2008)

Рускиот патријарх Алексиј II ги поздрави православните христијани по повод празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим.

„Врбовите гранчиња коишто ние сега ги држиме во рацете напомнуваат за вечниот живот, за тоа дека Господ ја победи смртта и дека Он ни дарува живот вечен“, - рече патријархот Алексиј II, обраќајќи им се на верните после Божествената Литургија во московскиот храм на Христос Спасителот.

На празничната богослужба во главниот соборен храм присуствуваа околу 5 илјади луѓе.

Врбовите граничиња, кои верните ги донесуваа за осветување на овој ден во храмот, претставуваат според зборовите на патријархот „симбол на победата на животот над смртта“. Така и Христос во денот на Своето влегување во Ерусалим неколку дена пред празникот Пасха, толпата народ ликувајќи Го пречека како „победник над смртта“, напомна поглаварот.

 

Патријархот им посака на сите верни, во време на Страсната седмица што започнува во понеделник, со особено внимание да си спомнат за „големиот искупителен подвиг на Спасителот“.

 

„И само тогаш кога ќе сфатиме дека заради нас Господ претрпе крсни маки, тогаш Тој ќе ни даде да ја почувствуваме особената, неземна радост на Пасхата, Воскресението“, рече потоа патријархот.

 

Извор: Interfax