Рускиот патријарх Алексиј II го благослови новиот претседател на Русија
 
 
 
 
 

Рускиот патријарх Алексиј II го благослови новиот претседател на Русија (08.05.2008)

Во соборниот храм на Благовештение во Кремљ (Москва), поглаварот на Руската Црква Патријархот Алексиј II отслужи Молебен во чест на инаугурацијата на новиот претседател на Русија.

 

Во богслужбата има посебни молитви за претседателот кој стапува на должност: „да му се дарува од Небесата сила и премудрост за праведно и добро да управува со нашата земја, во неа да пребива мир и благоустројство и да се сочува од секаков непријател“.

 

По завршетокот на богослужбата Поглаварот на Руската Црква му честиташе на Дмитриј Медведев, истакнувајќи дека новиот претседател на Русија прима на себе „тешко бреме на одговорност за сегашноста и иднината на нашата држава и дека власта не е слава и чест, туку пред сѐ голема одговорност и секојдневно самопожртвувано служење, за кое треба сили, мудрост, трпение и промислени одлуки.“

 

Неговата Светост исто така истакна дека за последниве години се разви и се зацврсти соработката меѓу Руската Православна Црква и државната власт, која е насочена кон возобновување на во минатото разрушените светињи и на создавање на духовно силна и морално здрава држава.

 

Неговата Светост Рускиот Патријарх Алексиј II исто така ѝ се обрати на сопругата на претседателот Светлана, посакувајќи ѝ сили за поддршка на мажот во неговото високо и одговорно служење.

 

Заблагодарувајќи му се на патријрахот, Дмитриј Медведев рече дека сегашниот квалитет на новото ниво на развој на руската држава е плод на заеднички напори на структурата на власт, на Руската Православна Црква и на сите здрави сили на општеството.

 

          

 

        

Известува: Patriarhia.ru