Светиот Синод на Руската Црква го утврди изборот на архиепископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски Иларион за поглавар на РПЗЦ
 
 
 
 
 

Светиот Синод на Руската Црква го утврди изборот на архиепископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски Иларион за поглавар на РПЗЦ (15.05.2008)

Според Актот за канонско единство од 17 мај 2007 година, поглаварот на Руската Православна Задгранична Црква го избира нејзиниот Архиерејски собор. Изборот се потврдува според нормите на канонското право од Рускиот патријарх и од Светиот Синод на Руската Православна Црква.

На 14 мај Светиот Синод на Руската Православна Црква го потврди решението на Архиерејскиот собор на Руската Задгранична Црква околу изборот на архиепископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски Иларион за поглавар на РПЗЦ. Со указ на Рускиот патријарх Алексиј II од 12 мај 2008 година, со избор за поглавар на РПЗЦ архиепископот Иларион е произведен во митрополит.

 

Извор: Patriarhia.ru