Украина се зближува со Цариградската патријаршија
 
 
 
 
 

Украина се зближува со Цариградската патријаршија (21.05.2008)

„И украинските верници и Владата во Украина се убедени дека треба да се движиме кон црковно согласување и зближување со Црквата мајка – Цариградската патријаршија“, тоа го изјави вчера претседателот на Украина Виктор Јушченко при средбата со делегацијата на Цариградската патријаршија во Киев.

Од своја страна, претставниците на Цариградската патријаршија се заблагодарија за поканата да ја посетат Украина и за можноста да ги проучат очекувањата и желбите за консолидирање на православните цркви во Украина. Според делегацијата, овој процес би бил ефикасен доколку сите православни цркви во земјата се подготвени да учествуваат во него. Делегацијата е предводена од Галскиот митрополит Емануил.

Украинскиот претседател го покани Цариградскиот патријарх Вартоломеј да присуствува на свеченостите по повод 1020-годишнината од покрстувањето на Русија.

Руската Православна Црква изрази незадоволство поради желбата на Цариградската патријаршија да се меша во делата на нејзината црковна јурисдикција.

Извор: Dveribg.net