Кипарската Православна Црква го разгледува документот од Равена
 
 
 
 
 

Кипарската Православна Црква го разгледува документот од Равена (21.05.2008)

На вонредната седница на Светиот Синод на Кипарската Православна Црква под претседателство на Кипарскиот архиепископ Хризостом беше разгледан заклучниот документ на Мешаната комисија за богословски дијалог меѓу православните Цркви и Римокатолиците, познат како „документот од Равена“. Киринејскиот митрополит Павле, кој ја предводи синодската богословска комисија за догматски прашања прочита специјален извештај кој ги разработува донесените одлуки во Равена.

Неодамна, Светиот Синод на Грчката Црква излезе со специјално обраќање кон Пергамскиот Митрополит Зизиулас во врска со развојот на православно-католичкиот дијалог, во кое грчките архиереи искажаа несогласување со неговото еклисиолошко сфаќање на Римскиот папа, искажано во т.н. „Одговори на прашања, во врска со одредени погледи на учењето на Црквата“, од 29 јуни 2007 година. Грчките епископи не се согласни со изложените во нив тврдења, и со тоа дека:

1. Единствената вистинска Црква, која ги чува вистинските елементи востановени од Христос во Црквата, е „Католичката црква“. Таа е дејствителна и видлива Црква во историјата, која Христос ја основа на земјата. „Католичката црква“ е едната и единствена Црква.

2. Католичката црква пребива во Црквата која е возглавена од преемникот на апостолот Петар и епископите кои се наоѓаат во заедница со него.

3. „Еклисиолошката исклучивост“ - се вели во соопштението на грчкиот свет Синод - води и кон „црковна оценка“ на сите останати „цркви“, чиишто епископи не се во заедница со преемникот на апостолот Петар – тие цркви се според папата „еклисиолошки непотполни“. Освен тоа, некои од „Одговорите“ се осмелуваат да ги окарактеризираат овие Цркви како „одделни и помесни“, иако ја признаваат дејствителноста на нивните таинства и апостолско преемство.

На крајот, тие му препорачуваат на Пергамскиот митрополит Јован Зизиулас, како ко-претседател на Мешаната православно-католичка комисија да настојува на објаснување на богословската содржина на терминот „Католичка црква“, како и на содржината на папската титула „патријарх на Западот“. Грчките архиереи бараат Пергамскиот митрополит да ги извести останатите помесни Православни Цркви, кои учествувале во дијалогот, заради нивното незадоволство во врска со еклисиолошките погледи на Римокатоличката црква.

Извор: Dveribg.net