Архиепископот Димитриј (Цариградска патријаршија) во посета на Москва
 
 
 
 
 

Архиепископот Димитриј (Цариградска патријаршија) во посета на Москва (23.05.2008)

Архиепископот Димитриј од Грчката Православна Архиепископија во Америка (Цариградска патријаршија) е во посета на Москва, по покана на Рускиот патријарх Алексиј II. Тој е придружуван од Митрополитот на Бостон Методиј, Митрополитот на Атланта Алексиј, Епископот Сава и други. Ова е прва официјална посета на Русија од страна на Архиепископот на Америка.

„Оваа посета се случува во искулучително важен период на развој на Руската Црква во Америка, особено после неодамнешното обединување на двете Руски Цркви. Оваа посета исто така се случува по повод значајните свечености во Русија  - Денот на словенската писменост и култура (24 мај)“, забележа Архиепископот Димитриј.

„За мене, како дете од Солун – градот на светите Кирил и Методиј и како егзарх на Цариградската патријаршија, која ги испрати во апостолска мисија да го распространуваат словото Божјо, ова е особена чест и можност да се покаже единството на нашата православна вера, на нашите историски корени и врски, и продолжување на нашиот непрекинат дијалог во дух на братска љубов и заемна почит.“

Програмата на посетата вклучува заедничко сослужување на Рускиот патријарх Алексиј II и на Aрхиепископот Димитриј во Кремљ, во Успенскиот соборен храм на 24 мај, разговор со патријархот Алексиј II, средба со Смоленскиот Митрополит Кирил, учество во свеченостите на 24 мај и др. Посетата се очекува да заврши на 28 мај. Делегацијата е сместена во манастирот на свети Сергеј Радонешки.

Извор: Goarch.org