Се упокои во Господа Мелнишкиот епископ Генадиј од Бугарската Православна Црква
 
 
 
 
 

Се упокои во Господа Мелнишкиот епископ Генадиј од Бугарската Православна Црква (26.05.2008)

Денес наутро се престави во Господа игуменот на Тројанскиот манастир Мелнишкиот епископ Генадиј од Бугарската Православна Црква. Од пред неколку години епископот Генадиј имаше сериозни здравствени проблеми. И покрај тоа, како игумен на манастирот, Владиката успеа да направи повеќе градежни работи и да ја подобри материјалната основа на светата обител.

Опелото ќе биде извршено на 27 мај во 15 часот од архиереите на Синодот на Бугарската Православна Црква, во црквата на свети Атанасиј во градот Правец.

 

Епископот Генадиј е роден на 12.02.1955 година во с. Голем Манастир, Јамболско. Во 1969 година го завршува основното образование во градот Трјавна. Во 1985 година ја завршува Софиската духовна семинарија, а во 1991 година Духовната академија „Свети Климент Охридски“ во Софија.

Монашкиот потстриг го прима на 09.03.1978 година во Врачешкиот манастир од Ловчанскиот митрополит Григориј. На 25.12.1978 година истиот архиереј го ракополага за јероѓакон во Ловеч, а на 26.12. истата година за јеромонах. Од 1981 до 1998 година е игумен на Гложенскиот манастир. Од 1981 до 1998 година е игумен на Чекотинскиот манастир на свети Архангел Михаил крај с. Калуѓерово. На 09.03.1986 година со решение на Светиот Синод е воведен во архимандритско достоинство од Ловчанскиот митрополит Григориј. Хиротонисан е за епископ на 10.10.1992 година.

 

Бог да го прости!

 

Извор: Dveribg.net