Избран нов митрополит на Кореа (Цариградска патријаршија)
 
 
 
 
 

Избран нов митрополит на Кореа (Цариградска патријаршија) (29.05.2008)

Денес, со решение на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија беше избран нов митрополит на Кореа – Амвросиј Зилонски. Досегашниот корејски митрополит Сотириј е избран за митрополит Писидијски. Новоизбраниот митрополит е роден во 1960 година. Во 1983 година ја завршува Атинската богословска академија. Јероѓакон е од 1985 година, а во 1991 година е хиротонисан за јеромонах.

Од 1993 до 1996 година учи на Принстонскиот универзитет каде што и докторира. Со решение на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија на 21 декември 2005 година е избран за епископ Зилонски – викарен корејски епископ на митрополитот Сотириј. Познат е по своите богословски трудови како „Социјалното учење на свети Григориј Палама врз основа на неговите 63 посланија“, „Иконографијата на литургискиот живот на средновековната Грчка Црква“ и др.

 

Извор: Pravoslavie.bg

 

Извор: Ekathimerini