Архиепископот Иероним е против мешањето на Црквата во политиката
 
 
 
 
 

Архиепископот Иероним е против мешањето на Црквата во политиката (29.05.2008)

Грчкиот Архиепископ Иероним ја повика вчера Црквата да стои настрана од политиката. На ова беше поттикнат од говорот на поглаварот на Македонската Православна Црква.

„Од Црквата се очекува да ги обединува луѓето“, вели Архиепископот.

Според извори, блиски до Архиепископот, коментарот е насочен и кон клириците на Грчката Црква, кои сметаат дека Архиепископот Иероним не е доволно активен во надворешните дела.

Пред некое време оваа година тој јасно укажа дека е против ангажирањето на Црквата во протестите околу името на државата Македонија.

Неговата позиција беше поздравена од лидерот на ПАСОК Георгиос Папандреу, кој рече дека е потполно согласен со погледите на Архиепископот Иероним околу поделбата на Црквата и државата.

 

Извор: Ekathimerini