Вознесение на Елеонската гора во Ерусалим (08.06.2008)
Параклисот на Вознесението на Елеонската гора и Елеонскиот женски манастир на РПЗЦ беа центар на празнувањето на Вознесението Господово во Ерусалим.
На 5 јуни, на празникот на Вознесението Христово, Елеонската гора во Ерсуалим и покрај големата жештина се наполни со голем број разнојазични православни поклоници и туристи, кои доаѓаат во Светата земја од разни места на Земјината топка.
Според повеќевековната традиција, воочи празникот на Вознесението, во параклисот посветен на Вознесение се отслужија Вечерна и Повечерие со литија во грчкиот манастир во чест на 12-те апостоли. На богослужбата служеше архиереј на Ерусалимската Црква во сослужение на грчкото, руското и арапското духовништво.
На самиот ден на празникот на Елеонската гора се одржуваат две празнични Литургии. Едната на местото на Вознесението, а втората во Елеонскиот Вознесенски манастир на Руската Задгранична Црква.
Литургијата се совршува на разни јазици – грчки, црквено-словенски и арапски. На овој ден тука се слушаше пеење и на молдавски јазик.
По завршетокот на богослужбата на местото на Вознесението пристигна Ерусалимскиот патријарх Теофил во придружба на архиереи и клир на Ерусалимската Црква.
Овогодишното богослужение во рускиот Елеонски манастир може да се нарече историско, затоа што е ова прва Литургија на празникот на Вознесение после восоединувањето на Руската Црква, а заедно сослужуваше духовништвото на Московската Патријаршија и на Руската Задгранична Црква. Со празничното богослужение чиноначалствуваше Архиепископот Берлинско-германски и Великобритански Марк во сослужение со Архиепископот Сарански и Мордовски Варсануфиј и старешината на Руската духовна мисија во Ерусалим на Московската Патријаршија архимандрит Тихон.
После богослужбата Архиепископот Марк рече: „Празникот на Вознесението Господово секогаш нѐ потсетува дека сите мораме молитвено да се вознесуваме кон Господ и не само денес на овој голем празник, туку во секој ден од нашиот живот. Толку колку сме мрзливи толку мораме и да се трудиме на овој пат. Денес тука има многу поклоници. Мислам дека тие секогаш ќе се сеќаваат на овој голем празник на ова место каде што беше Вознесението Господово“.
Извор: Patriarhia.ru