Архиепископот Иероним за Светскиот ден за заштита на животната средина
 
 
 
 
 

Архиепископот Иероним за Светскиот ден за заштита на животната средина (09.06.2008)

Природната средина „е дом Божји, во кој Бог го постави човештвото за да управува со природните блага. Но, за да се насладува со тие блага, човештвото треба да води духовен живот“, рече Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним, во своето послание по повод Светскиот ден за заштита на животната средина.

„Секој ден, но особено по овој повод, ние треба да се однесуваме како вистински православни христијани и одговорни граѓани кон животната средина“, рече Архиепископот Иероним.

„Треба да се научиме да го поставуваме природниот свет во нашето разбирање на поимот „животна средина“ на место после нашите ближни, нашите семејства и пријатели. Еден од симптомите на нашата епоха е дека кон природната средина се однесуваме како кон објект, кој е подвластен на нашите потреби. Луѓето ја загадуваат животната средина затоа што не се почитуваат ни себеси, ниту пак своите ближни“, рече тој.

 

Извор: Pravoslavie.bg