Православното образование во Кенија
 
 
 
 
 

Православното образование во Кенија (12.06.2008)

Околу 160 африкански студенти неодамна дипломираа на Патријаршиската семинарија и на Педагошкото училиште на Православната архиепископија во Најроби, Кенија (Александриска Патријаршија).

Свеченоста на доделувањето на дипломите се одржа во присуство на потпретседателот на Кенија, странски пратеници и илјада Африканци, роднини и пријатели на Архиепископијата.

Неговото Блаженство Митрополитот на Кенија Макариј рече дека Педагошкото училиште е формирано пред четири години, а Патријаршиската семинарија „Архиепископ Макариј ІІІ“ – пред 25 години, од каде што досега дипломирале 100 души – учители и свештеници.

Дипломите на Патријаршиската семинарија се признати од европските и американските универзитети. Дипломираните студенти потекнуваат од различни африкански земји – Кенија, Уганда, Танзанија, Зимбабве и Конго.

Семинаријата се грижи за младите Африканци, кои после образованието служат како свештеници и мисионери на африканскиот континент.

Во Кенија има околу 200 православни свештеници, 300 парохии и повеќе од еден милион православни Африканци.

Студентите од Педагошкото училиште се од Кенија и нивното назначување за учители е загарантирано веднаш штом ќе дипломираат.

Неговото Блаженство рече дека студентите на Православната патријаршиска семинарија „Архиепископ Макариј ІІІ“ во Најроби сѐ добиваат бесплатно, вклучувајќи храна и сместување, а половината од студентите во Педагошкото училиште добиваат стипендии од Архиепископијата.

 

извор: Православие.бг