Отворен официјален сајт на Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

Отворен официјален сајт на Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква (13.06.2008)

Од 24 до 29 јуни под претседателство на Рускиот патријарх Алексиј II во Москва, во катедралниот храм на Христос Спасителот ќе се одржи Архиерејски Собор на Руската Православна Црква 2008 година.

На 10 јуни на денот на интронизацијата на Рускиот патријарх Алексиј II беше отворен официјалниот сајт на Архиерејскиот Собор на Руската Православна Црква. На сајтот, со адреса http://www.sobor2008.ru ќе бидат објавени сите официјани документи од Соборот, новости и коментари на архиереи - учесници на Соборот. Исто така тука ќе бидат објавени фото и видео материјали од Архиерејскиот Собор. На сајтот веќе е ставена програмата на овогодинешниот Собор, а во архивата на сајтот може да се најдат документи за дејностите на Архиерејскиот Собор од 1992 година.

Според утврдената традиција Архиерејскиот Собор на РПЦ има строги правила. Пред почетокот и во секој ден од неговата работа архиереите служат Божествена Литургија во московскиот храм на Христос Спасителот. Во првиот ден од работата Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј поднесува извештај за животот на Црквата во периодот меѓу Соборите. На пленарните заседанија во наредните денови учесниците ги разгледуваат основните насоки на пастирската и социјално-политичката дејност на Црквата. Во времето меѓу пленарните заседанија се одржуваат прес-конференции и брифинзи за медиумите.

Освен пленарните заседанија, работата на Соборот се организира во работни групи, на кои архиереите слушаат и разгледуваат извештаи посветени на различни аспекти од црковното служење – мисионерството, социјалната работа, епархискиот и манастирскиот живот, односите со другите православни Цркви. На крајот од работата Архиерејскиот Собор донесува Послание до сите верни чеда на Руската Православна Црква.

Оваа година завршувањето на работата на Архиерејскиот Собор се совпаѓа со почетокот на свеченостите во чест на 1200-годишнината од покрстувањето на Русија, што ќе се одбележува насекаде во Русија, Украина и други земји. Во врска со тоа во храмот на Христос Спасителот и во црквите на московскиот Кремљ ќе се одржат торжествени богослужби и други празнични активности. Соборот ќе заврши со Божествена Литургија отслужена од сите учесници во Соборот на чело со поглаварот на Руската Православна Црква.

 

Извор: Patriarhia.ru