Романската Православна Црква отвори своја Новинска Агенција
 
 
 
 
 

Романската Православна Црква отвори своја Новинска Агенција (17.06.2008)

Романската Православна Црква на 16 јуни 2008 година отвори своја новинска агенција: www.basilica.ro. Новинската Агенција Basilica во електронска форма ќе пренесува информации за институциите, дејностите и позициите на Романската Православна Црква и другите Цркви во врска со актуелни прашања. Поконкретно ќе пренесува информации за случувања во црковниот живот во Романија и надвор, за одлуки донесени од Светиот Синод, за активности во различни епархии, манастири и парохии, богословски училишта и црковни организации, за дијалог на Црквата со општеството.

Освен на романски, новиот сајт - www.basilica.ro ќе биде достапен на англиски, француски и руски јазик, а информациите ќе бидат бесплатни за приватни лица и институции, како и за професионално користење, но под услов да биде цитиран изворот. Новиот Романски патријарх Даниил уште како Митрополит на Јаши отоври радио, кое покрива повеќе од три четвртини од територијата на Романија. После неговиот избор за Патријарх, тој го отвори медиумскиот центар Базилика, на кој му припаѓа и новиот сајт, како и дневниот весник и радио “Ziarul Lumina” и телевизискиот канал “Televiziunea Trinitas”.

Новинската агенција Basilica е основана во согласност со мисионерската дејност на Црквата, која на светот треба да му благовести за спасението во Христос.

Извор: Basilica.ro