На Духовден Ерусалимскиот патријарх Теофил отслужи Божествена Литургија во Троицкиот соборен храм на Руската духовна мисија во Ерусалим
 
 
 
 
 

На Духовден Ерусалимскиот патријарх Теофил отслужи Божествена Литургија во Троицкиот соборен храм на Руската духовна мисија во Ерусалим (18.06.2008)

Во понеделник, на 16 јуни, на денот на Слегувањето на Светиот Дух, Неговата Светост Ерусалимскиот патријарх Теофил III отслужи Божествена Литургија во Троицкиот соборен храм на Руската духовна мисија во Ерусалим.

Во словото по завршетокот на Божествената Литургија Ерусалимскиот патријарх рече: „Духот Христов е Дух Кој соединува сѐ во Црквата, во која и низ која, како што пее псалмопевецот „ја видовме вистинската светлина и Го примивме небесниот Дух; ја најдовме вистинската вера и на неразделната Троица се поклонуваме оти Таа нѐ спаси“. „При изградбата на Вавилонската кула се случи разделување на јазици и тоа беше казна, додека пак разбирањето води кон спасение, кон просветлување и осветување на душите.“ „Ние да се оддалечуваме од соблазните на световниот антагонизам и од пројавувањето на световната власт и сила, да ги одбегнуваме недоразбирањата коишто водат кон казна и да бараме едномислие во Христос, во црковното единство коешто води кон спасение.“

Извор: Rusdm.ru