Делегацијата на Московската патријаршија замина од заседанието на меѓуправославната комисија на островот Родос (19.06.2008)
Во Руската Православна Црква искажаа решителен протест кон Цариградската патријаршија поради нивното решение да се поканат претставниците на нивната неканонска црковна структура во Естонија за учесто во работата на меѓуправославната комисија на островот Родос.
„Слични пројави на едностраниот диктат од страна на претставници на Царигардската патријаршија максимално го отежнуваат наоѓањето на взаемно задоволително решение по прашањето за канонско регулирање на позицијата на Православието во Естонија“, се вели во изјавата на Службата за комуникации на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија.
Освен тоа, во изјавата се забележува дека таквите постапки содржат во себе „сериозна закана за реално остварување на православното единство, бидејќи неговото зацврстување е една од најважните грижи на Руската Православна Црква.“
„Одговорноста за ваквите постапки потполно ја носат претставниците на Цариградската патријаршија“, нагласува Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија.
Делегацијата на Московската патријаршија беше принудена да ја напушти седницата на комисијата во четвртокот изјавувајќи дека за настаната ситуација ќе бидат известени членовите на Архиерејскиот Собор на Руската Црква кој се отвора од 24 јуни.
Целта на седницата на комисијата беше подготовка на проектот за посланија на поглаварите на помесните Православни Цркви. Прифаќањето на истиот документ се планира за време на средбата на православните лидери кои според очекувањата ќе се одржи во октомври во Истанбул и ќе се совпадне со провозгласувањето на оваа година како година на апостол Павле од страна на Цариградската Црква.
Претходно, Цариградскиот патријарх Вартоломеј го покани Рускиот патријарх Алексиј Втори за учество во есенската средба. Во својот одговор од 3 јуни поглаварот на Руската Црква ја изрази надежта дека патријархот Вартоломеј при подготовката на меѓуправославната комисија ќе ја земе во предвид одредбата на Архиерејскиот Собор на РПЦ од 2000 година, каде што се вели за невозможноста на претставници на Московската патријаршија да учествуваат во меѓуправославни форуми каде што официјално како делегати учествуваат претставници на непризнатата во православниот свет Естонската автономна црква (Цариградска патријаршија).
„На ова писмо не беше одговорено“, забележува Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија.
Во октомври 2007 година делегација на Московската патријаршија беше принудена поради исто таква провокација да ја напушти седницата на мешаната православно-католичка комисија во Равена, каде што исто така учестуваа претставници на т.н. Естонска апостолска црква која е создадена во 1996 година од Цариградската патријаршија на канонска теритoрија на Руската Црква.
Извор: Patriarhia.ru