Московската патријаршија е примена како член на Постојаната конференција на канонските православни епископи од Америка
 
 
 
 
 

Московската патријаршија е примена како член на Постојаната конференција на канонските православни епископи од Америка (22.06.2008)

На 12 јуни во Њујорк во Грчката Архиепископија во Америка се одржа летна седница на Постојаната конференција на канонските православни епископи од Северна и Јужна Америка (SCOBA).

На заседанието учество зедоа: претседателот - архиепископот Американски Димитриј (Цариградска патријаршија), заменик-претседателот - митрополитот Филип (Антиохиска архиепископија на Северна Америка), секретарот - митрополитот Христофор (Српска Православна Црква), а исто така и Митрополитот на цела Америка и Канада Герман (Православна Црква во Америка), митрополитот Николај (Карпато-Руска епархија на Цариградската патријаршија), митрополитот Јосиф (Бугарска Православна Црква), архиепископот Николај (Украинска епархија на Цариградската патријаршија) и епископот Илија (Албанска епископија на Цариградската патријаршија). На заседанието зедоа учество и митрополитот на Питсбург Максим и Бостонскиот митрополит Методиј (Грчка архиепископија), епископот на Мајами и на Југоисточна Америка Антониј (Антиохиска архиепископија), генералниот секретар на SCOBA протоереј Марк Ери и членовите на комисиите на SCOBA.

Во текот на заседанието беше разгледано писмото претходно испратено до SCOBA од надлежниот за парохиите на Московската патријаршија во САД епископот Зарајски Меркуриј, со предлог за востановување на полно членство на епископите на Руската Православна Црква во дејностите на општоправославната канонска Конференција.

После братското разгледување на презентираното прашање поглаварите на канонските јурисдикции во САД едногласно донесоа решение за членство на Московската Патријаршија во SCOBA. Следно заседание на Конференцијата со учество на Преосветениот епископ Меркуриј ќе се одржи во Њујорк во септември 2008 година.

Со учество на Московската патријаршија во SCOBA, Постојаната конференција на канонските епископи во овој момент обединува десет претставници на канонски јурисдикции на територијата на САД, архиереи кои се собираат двапати во годината за разгледување на прашања од општоправославно значење за Америка и донесување на решенија за конкретно преземени заеднички активности.

Во структурата на SCOBA е вклучена работата на агенции и комисии, одговорни за различни активности, особено за работа со младите, добротворни активности, образование, мисионерска работа, служење во затворите.

 

Извор: Patriarhia.ru