Нови митрополити во Грчката Православна Црква
 
 
 
 
 

Нови митрополити во Грчката Православна Црква (26.06.2008)

Под претседателство на Грчкиот Архиепископ Иероним Светиот Архиерејски Синод на Грчката Православна Црква се собра на 24 јуни 2008 година на работна седница. Седницата започна со Божествена Литургија во 6.30 часот, после која се премина на изборот на нови митрополити. Резултатите од изборот се следните: Архимандритот Теофил Манолатос е избран за Митрополит на Левкада; Архимандритот Георгиј Мацуранис е избран за Митрополит на Теба и Левадија; Архимандритот Калиник Деменопулос е избран за митрополит на Паронаксија.

Извор: Trinitas.ro