Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Ватикан
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх Вартоломеј во посета на Ватикан (28.06.2008)

Денес се одржа средба меѓу папата Бенедикт XVI и Цариградскиот патријарх Вартоломеј, кој е во посета на Ватикан по повод празникот на светите апостоли Петар и Павле, кој е патронен празник за Римскиот папски престол. За првпат Цариградскиот патријарх присуствува на празникот на Римокатоличката црква. Патријархот возвраќа за посетата на папата во 2006 година, кога тој присуствуваше на празникот на Цариградската Црква на денот на светиот апостол Андреј. Денес двајцата разговараа насамо половина час, а на крајот разменија подароци и патријархот Вартоломеј му ја претстави на папата својата делегација. Потоа, Цариградскиот патријарх присуствуваше на Вечерната богослужба во римската базилика на светиот апостол Павле надвор од ѕидините, одбележувајќи ја годината на свети апостол Павле.

Во недела наутро, на мисата во базиликата на светиот апостол Петар ќе присуствува и Цариградскиот патријарх Вартоломеј со својата делегација.

 


 

Во Московската патријаршија напомнуваат дека учеството на православните верници во богослуженијата на другите конфесии противречи на каноните на Православната Црква.

„Православната Црква им се спротивставува на таквите молитви (со друговерните). Учеството на православните во богослуженијата на друговерните е невозможно“, изјави претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, одговарајќи на прашања на новинари во среда на прес-конференцијата во Москва.

 

Извор: Directionstoorthodoxy.org, Interfax