Нов официјален сајт на Романската Патријаршија
 
 
 
 
 

Нов официјален сајт на Романската Патријаршија (04.07.2008)

На 1 јули започна работата на новиот официјален веб сајт на Романската Патријаршија.

Новиот сајт, со подобар дизајн и многу побрза навигација е направен по иницијатива и со благослов на Романскиот патријарх Даниил.

На сајтот се објавени новости коишто ги пренесува прес-службата на Романската Патријаршија Basilica, а исто така и соопштенија и најнови важни документи во врска со дејноста на Романската Православна Црква.

На главната страница на сајтот се наоѓаат линкови од медиумските извори на Романската Православна Црква, кои овозможуваат директен пристап до сите информации за Православието во Романија, достапни на интернет.

Овој нов медиум не е наменет само за романски корисници, туку и за оние што живеат надвор од границите на Романија. За таа цел на веб сајтот постои англиска верзија. Кратките информации за Романската Православна Црква се преведуваат на пет јазика: англиски, француски, германски, руски и грчки.

 

Извор: Патриархиа.ру