Соопштение од седницата на Светиот Синод на Романската Православна Црква (09.07.2008)
На седницата на Светиот Синод на Романската Православна Црква одржана на 8-9 јули 2008 година се дискутираше за причестувањето на Митрополитот Банатски Николај на грко-католичка литургија и за сослужувањето на Епископот на Орадеа Софрониј со грко-католички архиереј при извршување на Водосвет.
Светиот Синод не ги одобри неканонските дејствија на овие двајца архиереи, кои предизвикаа немир во Црквата. Потоа, Светиот Синод обрна внимание на нивното жалење и покајание и ги прифати како прв знак за исправување.
Во врска со светотаинското и литургиското однесување на архиереите, свештениците, ѓаконите, монасите, монахињите и мирјаните-верници на Романската Православна Црква кон другите вери, согласно светите канони на Православното учење, Светиот Синод одлучи дека на ниту еден архиереј, свештеник, ѓакон, монах, монахиња или мирјанин-верник на Романската Православна Црква не му е дозволено евхаристиски да заедничари во други христијански цркви. Исто така, на ниту еден православен клирик не му е дозволено да извршува Свети Тајни со служители од други религиозни групи.
На оние коишто нема да ја почитуваат оваа одлука им се забранува причест во Православната Црква и следователно канонски ќе бидат санкционирани согласно нивната позиција во Црквата: расчинување за свештенослужителите или одлачување за мирјаните.
Прес-службата на Романската Православна Црква
Извор: Basilica.ro