По повод празнувањето на 1020 години од Крштевањето на Русија Поглаварот на Грчката Православна Црква пристигна во Украина
 
 
 
 
 

По повод празнувањето на 1020 години од Крштевањето на Русија Поглаварот на Грчката Православна Црква пристигна во Украина (24.07.2008)

Во четврток, на 24 јули во Украина пристигна делегација на Грчката Православна Црква возглавена oд нејзиниот поглавар Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним. Во составот на делегацијата се и Mитрополитот на Хиос, Псарон и Инусон Дионисиј и Mитрополитот Никополски и Превески Мелетиј. На аeродромот гостите ги пречека поглаварот на Украинската Православна Црква Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир. Архиепископот Иероним го поздрави Митрополитот Владимир и му рече дека особено се радува на средбата на украинскo тло. Делегацијата на Грчката Православна Црква ќе престојува во Украина до 29 јули и ќе земе учество во сите планирани свечености заедно со Блажениот Mитрополит Киевски и на цела Украина Владимир, вклучувајќи ги свеченостите на 26 јули на Софискиот плоштад, богослуженијата на 27 јули на Владимирската висорамнина и на 28 јули во Киево-печерската лавра.

 

Извор: Патриархиа.ру