Митрополит Кирил: Јубилејот на покрстувањето на Русија не треба да стане повод за понатамошна поделба меѓу православните
 
 
 
 
 

Митрополит Кирил: Јубилејот на покрстувањето на Русија не треба да стане повод за понатамошна поделба меѓу православните (25.07.2008)

Властите во Украина ја ставаат во сенка претстојната посета на Киев и на Донецк на Неговата Светост Рускиот патријарх Алексиј II (од 26-30 јули), но Поглаварот на Руската Православна Црква не го откажува патувањето, за да отпразнува 1020 години од покрстувањето на Русија со украинската паства којашто го очекува, изјави денес поглаварот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил.

„Очигледно е дека државните власти на Украина ставаат особен акцент на посетата на Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј, оставајќи ја во сенка посетата на Киев од Неговата Светост Рускиот патријарх. На толку голем број плакати со ликот на Патријархот Вартоломеј, со кои е украсен Киев, јас не се сеќавам уште од советско време, кога од секоја раскрсница на нас гледаа партиските лидери”, рече Митрополитот Кирил.

Во предвечерието Митрополитот Смоленски Кирил беше во Киев, каде што зеде учество во проширеното заседание на Светиот Синод на Украинската Православна Црква на повик на Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир.

Ние воопшто немаме намера да се откажеме од посетата на Киев кој е макја на руските градови, за заедно со рускиот Епископат и со сиот верен народ, надвор од секоја политика, на високо духовно ниво како што им доликува на верните, да го прославиме јубилејот од покрстувањето на Киевската Русија”, истакна Митрополитот Кирил.

Според зборовите на митрополитот Кирил, “православниот верен народ со нетрпение го очекува доаѓањето на Рускиот патријарх, кому е верен во многу тешки политички услови”. “Многу е важно празнувањето на 1020-годишнината од покрстувањето на Русија да биде настан кој ќе сведочи за единството на вселенското Православие и за победата на Православието во украинската земја”.

Неговата Светост Патријархот Алексиј II на свеченостите во Украина ќе присуствува според определена програма. Особено место ќе има Литургијата која треба да се отслужи на 27 јули со учество на поглаварите на помесните Православни Цркви и епископите на Руската, Украинската и Белоруската Православна Црква.

Централното место зазема Литургијата која треба да се отслужи на 28 јули во Киево-Печерската Лавра во чест на светиот рамноапостолен кнез Владимир, покрстителот на Руската земја.

 

Извор: Патриархиа.ру