Цариградскиот патријарх пристигна во Киев
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх пристигна во Киев (25.07.2008)

Цариградскиот патријарх Вартоломеј денес пристигна во главниот град на Украина по повод свеченостите посветени на 1020-годишнината од покрстувањето на Русија.

 

На аеродромот го пречекаа претседателот Виктор Јушенко, Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир, членови на Владата и други јавни личности.

Според програмата на посетата, Патријархот денес ќе ја посети Киево-печерската лавра и ќе положи цвеќе пред споменикот на кнегиња Олга, на светите Кирил и Методиј, на апостолот Андреј Првоповиканиот и на светиот кнез Владимир.

Вечерва Цариградскиот патријарх ќе отслужи Вечерна богослужба во Софискиот соборен храм во Киев. На службата ќе присуствува претседателот Виктор Јушенко. На службата ќе бидат осветени новите царски двери и новопоставените камбани.

Утре, на 26 јули, во Украина ќе пристигне официјална делегација на Руската Православна Црква предводена од Неговата Светост Рускиот Патријарх Алексиј II.

 

Извор: Патриархиа.ру