Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и Рускиот Патријарх Алексиј одговорија на новинарските прашања
 
 
 
 
 

Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и Рускиот Патријарх Алексиј одговорија на новинарските прашања (28.07.2008)

Во недела на 27 јули во Киевската митрополија разговараа Неговата Светост Патријархот Цариградскиот Вартоломеј и Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј. После разговорот двајцата одговорија на прашањата на новинарите.

 

“Благодарение на ова патување имавме можност да сослужуваме со возљубениот собрат Неговата Светост Патријархот Алексиј и со Поглаварите на другите Помесни Православни Цркви’’ – изјави Патријархот Вартоломеј нагласувајќи дека е секогаш полезно да се води ваков дијалог. Според зборовите на Поглаварот на Цариградската Црква, сите ние носиме одговорност за православното единство. Во тој дух поминаа и разговорите во Киево-Печерската Лавра. Патријархот Вартоломеј изрази желба Патријархот Алексиј да биде присутен на средбата на Поглаварите на Помесните Православни Цркви во октомври оваа година во Фанар.

 

“И јас сум благодарен на Неговата Светост за заедничкото служење на Божествената Литургија, за заедничката трпеза и искрениот разговор што го водевме во митрополијата’’ – изјави Неговата Светост Патријарх Алексиј. Според неговите зборови, на средбата се договорија дека сите проблематични прашања треба да се решаваат по пат на дијалог на делегациите на двете Цркви за да се донесат решенија што ќе одговараат на заедничките црковни интереси.

 

Потоа пред новинарите излезе претседателот на Одделот за надворешни црковни врски Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил, оценувајќи ја позитивно оставрената средба. Според неговите зборови, најважно е реализацијата на политичките проекти да не влијае на црковниот живот.

 

        

 

                                 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Патриархиа.ру