Во украинската престолнина се одржа прес-конференција по повод празнувањето на 1020 години од покрстувањето на Русија
 
 
 
 
 

Во украинската престолнина се одржа прес-конференција по повод празнувањето на 1020 години од покрстувањето на Русија (29.07.2008)

Во украинскиот главен град во конефернциската сала на Дворецот на Украина се одржа прес-конференција по повод празнувањето на 1020 години од покрстувањето на Русија. На прашања на новинарите одговараше претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Украинската Православна Црква архимандритот Кирил (Говорун).

Митрополитот Кирил го истакна големото значење на одржаните празнични свечености, кои посведочија за единството на вселенското Православие.

Одговарајќи на едно од прашањата, архимандритот Кирил рече дека во предвечерието на свеченоста се појавија одредени стравувања во врска со признавањето на автокефалноста на Украинската Црква од страна на Цариградската Патријаршија. После вчерашната средба на претставниците на Цариградската и Руската Православна Црква стана јасно дека Цариградската Патријаршија нема да преземе еднострани дејствија.

Се надеваме, рече претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Украинската Православна Црква, дека црковниот раскол во Украина ќе биде надминат, но за автокефалниот статус на Црквата треба да се разговара после обединувањето на украинското Православие. Ова мислење, според зборовите на отец Кирил го дели и Патријархот Вартоломеј.

„Идејата за создавањето на една помесна Црква врз основа на неканонски структури претрпе фиаско“, истакна архимандрит Кирил.

 

Известува: Patriarhia.ru