Патријархот Вартоломеј ќе ја посети Света Гора за празникот на манастирот Дионисијат (12.08.2008)
Цариградскиот патријарх Вартоломеј на 21 август ќе ја посети Света Гора, каде што веќе е сѐ подготвено за свеченостите по повод 500 години од успението на вториот ктитор на манастирот Дионисијат - свети Нифонт.
Патријархот ќе биде пречекан во Кареа, каде што ќе биде отслужен Молебен во присуство на игумените и претставниците на сите 20 светогорски манастири. За време на својот престој, Патријархот Вартоломеј ќе ги посети манастирите: на Апостол Павле, Ксиропотаму, Дионисијат, Григоријат и Симонопетра. Празнична Литургија ќе се отслужи на 24 август во манастирот Дионисијат. Потоа, ќе биде претставена книгата, посветена на животот и делото на свети Нифонт. Во дворот на манастирот ќе биде посадено маслиново дрво во спомен на посетата на Цариградскиот патријарх.
Извор: Romfea.gr