Нов православен храм во Токио
 
 
 
 
 

Нов православен храм во Токио (07.09.2008)

Во реонот наречен Мегуро во Токио изграден е нов руски православен храм посветен на свети Александар Невски. Осветувањето на храмот ќе биде извршено на 12 септември на патрониот празник (стар стил), од претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријатшија Митрополитот Кирил Смоленски и Калининградски.

Бројот на Јапонците, кои се определуваат како православни изнесува околу 30.000.

Јапонската автономна Црква е основата од свети Николај (Касаткин), кој пристига во Јапонија во 1861 година, според решението на Светиот Синод на Московската Патријаршија. Тој ја создава и раководи со Руската православна мисија во Јапонија во 1870 година. Го преведува Светото Писмо и богослужбените книги на јапонски и го гради соборниот храм на Воскресението Христово во Токио. Руската Православна Црква го канонизира архиепископот Николај во 1970 година. Истата година Московската Патријаршија ѝ дава автономија на Јапонската Православна Црква.

Извор: interfax-religion