Седмица на православната книга во Варна (Бугарија)
 
 
 
 
 

Седмица на православната книга во Варна (Бугарија) (07.09.2008)

Од 8 до 14 септември 2008 година во Варна ќе се одржи десетта по ред „Седмица на православната книга“. Нејзината основна тема оваа година ќе биде „Црквата, духовната просвета и христијанското образование“. Отворањето на Седмицата ќе започне со претставување на новата книга на Варненскиот и Великопреславски Митрополит г. Кирил „Подвигот на болјаринот Николај Киреев и Ослободувањето на Бугарија“. Потоа ќе се одржи семинар, на кој ќе бидат разгледани организацијата, целите и задачите на црковните училишта и духовно-просветните центри.

На меѓународниот форум, како и обично, се поканети високоценети  и познати православни духовници, издавачи и богослови. Меѓу нив се епископот Атанасиј (Јевтиќ) од Српската Православна Црква и епископот Иларион (Алфеев) од Руската Православна Црква. Тие ќе имаат свои излагања. Освен книги, на форумот ќе бидат претставени и православни документарни филмови.

 

Извор: Православие.бг