Цариградскиот Патријарх Вартоломеј го покани Митрополитот Киевски Владимир да го посети Фанар (12.09.2008)
Грчката информативна агенција „Romfea“ соопшти дека Цариградскиот Патријарх Вартоломеј испрати официјална покана до Киевскиот Митрополит Владимир да го посети Фанар. Во писмото се вели: „Ја очекуваме со нетрпение можноста да ве примиме во Истанбул што е возможно побргу, за да возвратиме барем делумно за гостопримството коешто ни го укажавте кога се сретнавме“.
Во интервју за иднината на Украинската Црква и односите со Московската Патријаршија Митрополитот Владимир рече: „Украинската Црква се наоѓа само во една „евхаристиска зависност“ од Московската Патријаршија. Од административна и финансиска гледна точка ние сме независни. Второ, автокефалноста е возможна само во случај кога народот на една Црква на чело со нејзиниот клир е подготвен со мнозинство да го поддржи автокефалниот статус. Денес нема еднодушност по тоа прашање, затоа сметаме дека забрзувањето на решавањето на ова прашање ќе доведе само до продлабочување на расколите меѓу православните. Освен тоа, со сегашните дејствија расколниците ја компромитираа смислата на автокефалноста. Многумина верни стравуваат од овој збор. Поточно, во врска со автокефалноста треба да следиме мудра и избалансирана политика.“
Извор: Dveribg.net