Мунстерскиот универзитет ќе обучува учители по православие
 
 
 
 
 

Мунстерскиот универзитет ќе обучува учители по православие (19.09.2008)

Од април 2009 година Универзитетот во германскиот град Мунстер ќе започне со  програма за учители по православие. Се предвидува дека во образовниот систем ова ќе ги покрие потребите од учители за децата на повеќе од 1 милион православни емигранти (во најголем број од источно-европските земји). Има и неколку илјади православни Германци, кои имаат преминато во правослвие. Новата програма опфаќа 6 семестри и е предвидена како специјализација на студентите педагози, кои сакаат да добијат трета специјалост - вероучение. Сите учесници студенти треба да бидат православни христијани. Учебниот план на новиот курс вклучува теоретско и практично богословие, изучување на Библијата, црковна историја, педагогија на религијата, етика, меѓурелигиски дијалог. Во моментот православието се предава експериментално во обалста Северна Рајна - Вестфалија. Таму, како и во Баварија, живеат во поголем број православни христијани. Идејата за организирање на вакви активности во Германија е уште од 1980 година, но таа стана повторно актуелна со поставувањето на прашањето за воведување на часови по ислам во некои училишта.

 

Извор: Интерфакс