Романскиот патријарх Даниел прославува годишнина од востоличувањето за патријарх
 
 
 
 
 

Романскиот патријарх Даниел прославува годишнина од востоличувањето за патријарх (26.09.2008)

На 30 септември, Романската Православна Црква прославува годишнина од востоличувањето за патријарх на Неговата Светост Даниел. По овој повод, Романскиот Патријарх ќе присуствува на осветувањето на новиот параклис во патријаршиската резиденција, посветен на светиот ерарх Григориј Просветител, и на Светата Литургија, отслужена во знак на благодарност кон Господ за доброчинствата што ги излеа врз Романската Православна Црква во оваа година. После Светата Литургија ќе се одржи Те Деум во патријаршиската палата, на кој ќе присуствуваат членовите на Светиот Синод, членовите на постојаниот црковно-народен собор и членовите од Архиепископијата на Букурешт заедно со нивните соработници, претставниците на централните и локалните власти, личности од јавниот живот. Настанот ќе продолжи во Аула Магна, кога ќе се презентира она што е направено како и проектите што се во тек, за време на пастирската дејност на Неговата Светост Даниел како Патријарх, како и други проекти што се преземени од поглаварот на Романската Православна Црква. 

 

Известува: Basilica.ro