Во Букурешт се одржа конференција „Дијалог меѓу науката и религијата во православниот свет“ (27.09.2008)
Од 25 до 27 септември во Букурешт се одржа меѓународна православна конференција „Дијалог меѓу науката и религијата во православниот свет“, организирана од Романското здружение за дијалог меѓу теологијата и науката во соработка со Романската Патријаршија и Романската Академија.
Овој форум е дел од повеќе од тригодишниот проект „Наука и Православие. Истражувања и образование“, кој се применува во Романија. Учество во работата на конференцијата зедоа и богослови од Романија, Бугарија, Грција, САД.
Извор: Trinitas.ro