Ерусалимскиот патријарх Теофил го прими Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир (27.09.2008)
На 26 септември, Ерусалимскиот патријарх Теофил III прими група поклоници предводена од Неговото Блаженство Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир. На средбата присуствуваа и митрополитот Кишиневски и на цела Молдавија Владимир, архиереи и многубројни претставници на духовништвото на Украинската Православна Црква и повеќе од две стотини поклоници од Русија, Украина и Молдавија.
Поглаварот на Украинската Православна Црква и митрополитот Кишиневски Владимир му се заблагодарија на Ерусалимскиот патријарх за приемот и можноста за служење на Божествена Литургија во најголемата светиња на христијанскиот свет – Гробот Господов.
Во своето поздравно слово Митрополитот Владимир со благодарност истакна дека Ерусалимскиот патријарх Теофан во 1620 година ѝ укажа бесцена услуга на Руската Православна Црква возобновувајќи православна ерархија на територијата на Реч Посполита.
Митрополитот Владимир на Ерусалимскиот патријарх му подари факсимилно издание на „Пересопницко евангелие“ – прв познат превод на евангелскиот текст на украински литературен јазик.
Ерусалимскиот патријарх Теофил му се заблагодари на Поглаварот на Украинската Православна Црква за вредниот подарок и истакна дека доаѓањето во Светата Земја на православни поклоници од Русија, Украина и другите земји му дава сила на братството од Светиот гроб да продолжи со послушанието за зачувување на најголемите светињи на Православието.
Извор: Patriarhia.ru