Киевскиот Митрополит и на цела Украина Владимир ја прифати поканата да го посети Цариград
 
 
 
 
 

Киевскиот Митрополит и на цела Украина Владимир ја прифати поканата да го посети Цариград (30.09.2008)

Светиот Синод на Украинската Православна Црква, на седницата на 23 септември донесе одлука за посетата на Митрополитот Киевски и на цела Украина Владимир на Цариград.

„Со голема благодарност ја прифаќаме поканата за посетата на Вселенскиот патријарх“. Датата за посетата ќе биде договорена заедно со Цариградскиот патријарх. Патријархот Вартоломеј официјално го покани Владимир, Митрополитот на Киев и на цела Украина, на почетокот на месецот септември. „Особено ќе ни биде драго да ни пружите прилика да ве примиме во Цариград, за да возвратиме барем делумно за големото гостопримство кое го добивме од ваша страна“, се вели во поканата од страна на Патријархот Вартоломеј.

 

Извор: Orthodoxy.org.ua