Митрополитот Кирил од Руската Православна Црква се сретна со Неговата Светост Цариградскиот Патријарх Вартоломеј
 
 
 
 
 

Митрополитот Кирил од Руската Православна Црква се сретна со Неговата Светост Цариградскиот Патријарх Вартоломеј (02.10.2008)

Од 30 септемри до 1 октомври 2008 година претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија Митрополитот Смоленски и Калининградски Кирил беше во работна посета на Истанбул, каде што на 1 октомври во Патријаршиската резиденција во Фанар разговараше со Поглаварот на Цариградската Патријаршија. Беа разгледани прашања во врскa со православното единство и меѓусебните односи, а и за средбата на поглаварите на помесните Православни Цркви, која треба да се одржи во Истанбул од 10-12 октомври.

Во разговорот, којшто помина во топла и дружељубива атмосфера, учесто зедоа и Митрополитот Галски Емануил и генералниот секретар на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија архимандрит Елпидифор.

 

извор: Mospat.ru