Романскиот патријарх отслужи панихида на гробот на отец Думитру Станилоае
 
 
 
 
 

Романскиот патријарх отслужи панихида на гробот на отец Думитру Станилоае (04.10.2008)

Романскиот патријарх Даниил вчера отслужи панихида на гробот на отец Думитру Станилоае, којшто се наоѓа во манастирот Черника. Оваа година се навршуваат 15 години од смртта на еден од најголемите романски богослови на 20-от век, кој што го нарекуваат „богословот на христијанската љубов“.

 

Директор на весникот „Романски телеграф“ 12 години (1934-1945) и ректор на Духовната академија во Сибиу (1936-1945), за време на комунистичкиот режим беше затворен од 1958 до 1963. По ослободувањето повторно ја зазема професорската катедра на богословскиот факултет во Букурешт.

 

Богословското творештво на отец Думитру Станилоае опфаќа 90 книги, 33 преводи, 275 богословски студии, 22 рецензии, 35 комеморативни слова, 475 статии и 17 интервјуа. За најважен негов труд се смета „Православното догматско богословие“ во три тома, коешто е синтеза на неговата богословска мисла. Отец Думитру е преведувач и коментатор на „Добротољубието“ на романски јазик, издадено во 12 тома.

 

Извор: Basilica.ro