20.000 луѓе се поклонија на моштите на свети Серафим Саровски (10.10.2008)
Само во првите три дена од престојувањето на моштите на свети Серафим Саровски во Грција пред нив се поклонија над 20.000 верници во храмот на свети великомаченик Трифун. На 3 октомври моштите беа пречекани од повеќе илјади луѓе и со воени почести – во литијата учествуваше Митрополитот на Месогеја и Лавриотика Николај и рускиот Митрополит на Нижни Новгород Георгиј, игуманијата на Дивеевскиот манастир Сергија со монахињи од обителта на свети Серафим, 40-члена делегација на Руската Православна Црква, 35 архиереи на Грчката Православна Црква, 300 свештеници. Празничната Литургија, отслужена од Атинскиот Архиепископ Иероним беше на црковно-словенски и на грчки јазик. Пред светите мошти на највозљубениот руски Светител се служат непрестајно молебни и сеноќни бденија. Автобуси од цела Грција пристигнуваат организирано, за поклониците да земат благослов од свети Серафим Саровски.
Од вчера ковчежето со моштите на Светителот е пренесено во црквата на Богородица Сумелиска, којашто се наоѓа во предградието Паллини (Месогејска епархија). Таму светите мошти ќе останат до 2 ноември.
Извор: Дверибг.нет