Врховниот суд на Руската Федерација ги рехабилитираше членовите на Царското семејство
 
 
 
 
 

Врховниот суд на Руската Федерација ги рехабилитираше членовите на Царското семејство (14.10.2008)

Врховниот суд на Руската Федерација ја разгледа жалбата на великата кнегиња Марија Владимировна за рехабилитација на членовите на Царското семејство.

„Президиумот на Врховниот суд на Руската Федерација одлучи да признае дека над Царкото семејство е извршена неоснована репресија и да ги рехабилитира Николај Александрович Романов, Александра Фјодоровна Романова, Олга Николаевна Романова, Татјана Николаевна Романова, Марија Николаевна Романова, Анастасија Николаевна Романова и Алексеј Николаевич Романов“, рече судијата.

На овој начин судот ја прифати жалбата од адвокатот на великата кнегиња Марија Владимировна – г. Герман Лукјанов и ја смени одлуката на судскиот совет на Врховниот суд од 8 ноември 2007 година, според која Николај Втори и неговите членови на семејството не се рехабилитирани.

„Судскиот совет тогаш не даде правни оценки кои Великата кнегиња ги поднесе како докази и не негираше ниту еден аргумент, затоа Марија Владимировна се обрати до Президиумот на Врховниот суд на Русија и жалбата требаше да ја разгледаат девет судии кои требаше да дадат своја пресуда по тоа прашање - дали членовите на Царското семејство биле подвргнати на политички репресии или не“, рече Лукјанов.

На претходните средби со новинарите Лукјанов покажа копии од документи во кои е укажано дека причината на смртта на членовите на Царското семејство е токму стрелање, т.е. акт на примена на права од страна на државата, меѓутоа, оценка за тие документи не беше дадена. Затоа, според мислењето на Лукјанов, одлуката за откажувањето на рехабилитацијата на Царското семејство беше политичка.

Освен тоа, адвокатот потсети и на изјавата на Јаков Свердлов, дека Николај Втори е „затвореник на советската власт“, т.е. фактички се наоѓал под стража во затвореничка положба.

„До овој момент за тие прилики не се дадени оценки, како од страната на Јавното обвинитество, така ни од страна на Врховнот суд“, рече Лукјанов.

Според мислењето на застапникот, правната држава, како што е Руската Федерација, треба на целиот свет да му даде јасен одговор на даденото прашање, дали е цар Николај Втори „затвореник на власта“, жртва на политичката репресија. Одговорот на тоа прашање ќе биде мерило за тоа на кој степен на развој се наоѓа правната држава Русија“, рече тој.

Царот-маченик Николај Втори и членовите на неговото семејство ги стрелаа бољшевиците во ноќта на 17 јули 1918 во Екатеринбург. Во почетокот на 1991 година на локалното обвинителство му е предадена прва молба за пронаоѓање на телата кои имале знаци на насилна смрт, а во 1993 година Јавното обвинителство по повод тоа прашање започна кривична постапка. После три генетски експертизи кои се спроведени во 1993 година во Велика Британија, 1995 година во САД, 1997 година во Русија, специјална комисија заклучи дека пронајдените останки припаѓаат на семејството Романови. Одлучено е да се погребаат во Петропавловскиот собор во Санк-Петербург. Кривичната постапка беше сопрена.

Извор: Седмица.ру