Нов руски храм на Света Гора
 
 
 
 
 

Нов руски храм на Света Гора (29.10.2008)

Руската атонска заедница потпиша договор со манастирот на свети апостол Павле на Атон за финансирање на изградба на храм, посветен на преподобен Павле Ксиропотамски. Се планира храмот да биде изграден недалеку од манастирот, над пештерата каде што се подвизувал преподобниот во 10 век. Таму тој ја основа и обителта, којашто го носи неговото име. Манастирот се наоѓа на западното подножје на врвот на Атон. Меѓу светињите коишто се чуваат во манастирот се даровите, коишто мудреците му ги принесоа на Богомладенецот Христос, и две големи честички од живототворниот Крст Господов.

 

Извор: Дверибг.нет