Бугарските богослови ќе го изучуваат јазикот на глувонемите
 
 
 
 
 

Бугарските богослови ќе го изучуваат јазикот на глувонемите (29.10.2008)

На 24 октомври на Православниот библиско-информативен центар при Богословскиот факултет на Великотрновскиот факултет (ВТУ) започна годишен курс за обучување на студенти на мимичкиот јазик на глувонемите.

Програмата за изучување на бугарската варијанта на јазикот на глувонемите е одредена за една учебна година и разделена е на два семестра. Обезбедени се 144 лекции, во кои ќе бидат разработени 27 теми од бугарскиот буквар на јазикот на глувонемите, плус практична употреба.

Лекциите ќе се одржуваат во Православнот центар при Богословскиот факултет ВТУ два пати неделно – во петок и сабота, по 4 часа на ден. По завршувањето на курсот студентите ќе добијат диплома за познавање на јазикот на глувонемите после испитот, направен пред Националната испитна комисија, која се состои од специјалисти од Сојузот на глувонемите на Бугарија.

Извор: Patriarhia.ru